Поли музеј

Пред Поли

Секако Поли историјата се дели на време пред Поли (пр. П.) и по Поли (по П.). И бидејќи времето пред Поли е многу, многу далеку, ќе биде доволно ако кажеме дека во далечната 1905 година, Валентин Реинхард од околината на Дојчландсберг, во Птуј отвори станица за одкупување на пилешко месо и така се започна сторијата на Перутнина Птуј.

По Поли

Над сѐ значајна и особено истапува 1974 година, кога во Перутнина Птуј ја произведоа првата пилешка салама бр. 1. Од своето раѓање па до денес Поли остана верна на својот квалитет, а сето тоа е резултат на врвните и соодветни постапки на производство. Веќе 40 години. И токму поради тоа остана една и единствена.

1974

Освен тоа што професор Ерно Рубик ја изуми Рубиковата коцка, 70-тите години ги карактеризира уште еден пред сѐ важен настан – во Перутнина Птуј се роди првата и единствена барена пилешка салама која се вика Поли. Гордите родители Матилда Ловренчич и д-р. Цирил Варга, уште со самото нејзино раѓање, знаеа дека ја очекува баш посебна иднина.

Посебна уште од раѓањето

Што може да кажеме за Поли? Беше прва пилешка посебна салама на пазарот, вистинска авангарда со оргинална рецептура и врвен квалитет. И беше прва салама, која постана поголема од сендвич. Прва отиде во политиката. Прва стана салама за мачкање. И што да набројуваме! Само една е Поли. И така ќе остане.

1985

Веќе е време за ужина?

Купувачите најпрво беа малку недоверливи, но одлично подготвените производи со висок квалитет набргу ги уверија. Училишните или синдикатските екскурзии веќе не беше можно да се замислат без сендвич со Поли.

1988

Секогаш во добро друштво

Поли никогаш не била осамена и секогаш била во добро друштво. Често ја гледале со Пика и Коко, а секако не треба посебно да се нагласи кој го имал главниот збор.

1989
1997

Поли заминува преку граница

Поли си ги спакува куферите и тргна во свет. Нејзината прва дестинација беше Италија. Набргу Поли стана вистински патник и омилена гостинка во многубројните поблиски и подалечни земји. По Поли лудуваат од Скандинавија, па се до Средоземјето.

1999

Поли е најдолга!

Запознајте је гигантската Поли! Првата 4 метарска посебна салама, која што ги воодушеви посетителите на Земјоделско – прехранбениот саем во Горња Радгона.

2000

ПОЛИцаец, ПОЛИтичар, ПОЛИгамист

„Кога луѓето јадат во меѓувреме не мислат на криминал! Од вистинската љубов никогаш не се пренајадуваш! Може да и верувате. Салама веќе 25 години, затоа знае што е добар сендвич!„ А Поли знае и што е добар хумор. Бидејќи има отворена глава и слободен дух. Се сеќавате на ПОЛИцаецот, ПОЛИтичарот и ПОЛИгамистот?

Поли е полесна

Поли лајт всушност не е полесна во кесата за купување, туку таа содржи дури 30% помалку маснотии, затоа им е наменета на сите коишто се грижат за лесна и здрава исхрана. Таа е решение за времето во кое што потребата за лесна и здрава храна е се поизразена.

2001

Не е се што започнува на П Поли!

Внимание, на босанскиот пазарот веќе се појавија фалсификати на најдобрата пилешка салама! Којзнае, можеби ќе се преселат и преку граница. Но една е Поли! Затоа пред да ја купите внимателно видете ја амбалажата и изберете ја оргиналната Поли од Перутнина Птуј.

2003

Поли скока од авион

Поли е најомилена пилешка салама во Европа. Затоа некои поради неа би сториле навистина сѐ. Дури би скокнале од авион и тоа без падобран! Уште еден доказ, дека Поли навистина е посебна, бидејќи со неа едноставно ќе заборавите на стравот.

Времето на Поли

Ние меѓу рекламите најчесто скокнуваме по сендвич со Поли! А вие?

Со кашкавал, молам!

Ако и на вас ви се случи, да посакате својот сендвич особено да го збогатите со кашкавал, а во последен миг ќе видите дека ви се потрошил, изберете Поли со кашкавал. Тоа е Поли на која и додадовме вкусен стопен кашкавал. Затоа што вие сакате повеќе.

Поли оди на маратон

Бидејќи животот е прекраток, за да доцниме, ги свртивме педалите на првиот Поли маратон во Птуј. На врнежлив ден, на приредбата учествуваа 1000 учесници, а во наредните години бројката растеше и се искачи на преку 5000 велосипедисти. И бидејќи Поли е неспорно бр.1, меѓу посебните салами, затоа и Поли маратонот набрзо постана рекреативен, велосипедистички настан бр. 1 во Словенија.

2005

Поли на 100 начини

Перутнина Птуј празнува 100 години, а на празнувањето секако дека се придружи и Поли. Бидејќи Поли е едноставно бр. 1 и е една од најценетите состојки во секоја кујна, па нека е тоа француска, кинеска, босанска или вашата. Ве прашавме, како вие ја подготвувате Поли.

2006

Омилена уште од раѓањето

Поли уште од седумдесетите години е најомилена пилешка посебна салама на потрошувачите од сите генерации. Особено ја сакаат децата. Со леб или без него. Секогаш па со најголемо задоволство.

Полетајте во ПОЛИнезија

Бидејќи Поли сака да изненадува и бесконечно да ужива, ако може да е поинаква, ве поканува во ПОЛИнезија, земја од соништата, каде Поли расте на палмите. И се што мора да направите е да изброите колку пати во те-ве рекламата се појавува натписот Поли. Помош? Ако ги изброите сите прсти, е премалку, а ако им додатете уште пет е премногу.

2007

Луди на Поли!

Ние сите малку сме луди. Луди на Поли! Вечно млада, забавна и амбициозна, вечно посебна. Поли е салама со мисија, а таа е, со својата свежина, фантазија и хумор да го наполни секој ден и секој фрижидер.

Одсега исто и исечкана

Најдовме идеално решение за сите кои се луди на Поли и кои посакуваат таа самата да им падне во сендвич. За оние, кои повеќе сакаат исечкани деликатеси, или пак едноставно немаат време, волја и доволно спретност, самите да се занимаваат со сечење. 12 практично запакувани парчиња Поли за брз оброк било каде.

Оргинална пилешка посебна

Внимание, само една е Поли, не наседнувајте на фалсификатите! Ако купувате копии, очекувајте и вкус на копии. Наш совет? Подобро купете оргинал.

2009

Вработивме слон

И настана Поли пате. Поли за мачкање. За сите кои сакаат да мачкаат на леб, кои сакаат паштети и за сите кои сакаат да ја мачкаат Поли. Поли сака да биде поинаква, сака да ги менува формите, меѓутоа секогаш е верна на содржината, затоа и како паштета останува типична Поли. Во иновативна амбалажа.

Поли секогаш е за забава

Бидејќи Поли сака да ја искористи секоја прилика за луда забава, уште од 2009 година секоја година на својата карневалска Поли журка ги поканува децата во маски.

Поли секогаш е за шега

Од Перутнина Птуј на 1-ви април соопштија дека ќе започне да се гради 135 метарска кула на Птујско поле, со којашто ќе се обележи 35 годишнината од производството на Поли. Поли Кулата, потпишана од холандскиот архитект Кон ван Лувен, би имала највисоко лежечка платформа за панорама, музеј и реставрација. И сето тоа беше вистина. Освен кулата.

Поли сака да се пресоблекува

Поли сака да биде во чекор со модата, затоа веќе ја запознавме во многу облеки. Последната преобразба на убавина ја доживеа во 2009 година. Без оглед дали го делите нејзиниот вкус за мода, ви гарантираме дека нејзината внатрешност остана не сменета уште од самото постоење.

2010

Убаво полека и добар апетит

Бидејќи Поли е секогаш полна со добри идеи, ви го претставува Поли снек, практична верзија за новите времиња и новите генерации. За сите кои ја сакаат повеќе отколку класичен сендвич и за оние кои сакаат да уживаат со Поли и поинаку. Не сте сигурни, како да се совпаднете со саламата? Без грижи, следете ги упатствата за употреба.

Полибус

Ги знаете предностите од возењето со автобус? Во него можете да запознаете нови луѓе, да прочитате книга, да изедете сендвич со Поли и да уживате во панорамата и фактот дека сте направиле нешто добро за околината. Одиме на Поли!

2011

Бр. 1 во Европа

Ве интересира како со велосипед да се пробие звучниот ѕид? Или пак скокни од 25 метри висина во 60 цм длабочина? Нажалост не ни успеа да ги снимиме историските рекорди, бидејќи не прекина Поли. Како и успеа? Едноставно. Бидејќи е пилешка салама бр. 1 во Европа.

2012

Поли е фреш

Алу фолија? Пластична кутија? Како пак вие се грижите за својата Поли? За да биде Поли подолго свежа и убава ви го претставуваме прекрасното силиконско капаче, кое може да го употребите повторно и повторно... додека не ви недостаса Поли.

За празниците да бидат попосебни

Поли одлучи за празниците посебно да се среди. Затоа за Божиќ се облече во избран свечан фустан. Бидејќи одзивите беа позитивни таа се пресоблече и за карневалот па дури и за Велигден.

2013

Сѐ е подобро со Поли

Никој не ги сака слабите вести. А најмалку Поли. Подобро сендвич? Бидејќи со Поли не е подобар само сендвичот. Со Поли е подобро сѐ.

2014

Happy Poli Year

Полињера – ексклузивно празнично пакување за најпосебната пилешка салама. Поли секој ден наоѓа причина за празнување. Во 2014 година па воопшто нема да има потреба да ги бара причините.

Луди по вторниците на Поли

За својата четириесетгодишнина (40!), нашата вечно млада Poli си дозволи не само еден, туку четириесет откачени вторнични прослави!

На нејзините авантури верно ја следеа нејзините обожаватели, кои по првоаприлската шега дека Poli оди во Кинавозеа велосипеди на маратонот па дури и се спуштаа по челично јаже во адреналинскиот парк. За својот јубилеј, Poli не заборави да почести со Poli бургери и сендвичи, на ноќните смени или на патот. Како што доликува за вистински роденден, Poli се погрижи и за вистинска носталгична музика од времето кога беше создадена, а студените месеци ги загреа со чили. А замисли, што ќе биде кога ќе слави 50 години? ;)

2016

Никогаш не кажувајте ја виршла! Тоа е Поли.

Произведени од 90% од најдобрите делови на пилешко месо (што е најмногу во сегментот на топли кучиња), нежно пушеле и може да биде зачинета. Дали го готвите или го печете, секогаш ќе биде 100% Поли.

Овој Поли производ беше голем хит меѓу Поли, па тоа беше нормално за Поли семејството да се зголеми за две Поли ѕвезди: Поли мини виршли и Поли коктел.

ПолиДог

Најдобриот хот дог во регионот!

2018

Поли амбасадор- Лука Дончиќ

Поли не поврзува со ѕвездите со кошаркарскиот виртуоз Лука Дончиќ. Со соработката со Поли, исто така, најавува пенетрација на американскиот пазар. И развојот на нови производи. Ако Поли беше златен врв, во ерата со Дончиќ, е светска ѕвезда. Ќе биде уште подобро, иако ова е тешко да се замисли во ова време!

Поли светска турнеја

Познатиот словенечки играч Тадеј Туш беше придружуван од Поли на познатата светска турнеја. Тој сакаше да знае дали поединецот знае за Поли, особено Поли сендвич во секоја земја. Тој уживаше во истражување на врските помеѓу оригиналноста на секоја земја и карактеристиките на Поли. Тој патуваше во Њујорк, Париз, Лондон, Сиднеј, Хаваи и се вратил во Птуј, само за да го фати Поли маратонот.

Нови производи- Поли Хеми

Само за големи ... Поли Хеми. Нова пилешка шунка

Што 90% пилешко месо! Поли шунка е внимателно подготвена од висококвалитетно пилешко месо.

2019

Поли ја освојува Америка

 

Нашите експерти му помагаа на Поли да го следи Лука во Америка. Првите количини на Поли произведени во Америка се веќе на полиците на американските продавници кои веќе се празнат.

Америка се сретна со лудило. Поли лудило!

2020

18. Поли маратон е првиот виртуелен Поли маратон

18. Поли маратонот е веќе 18. поради епидемијата се одржа малку поинаку отколку што бевме навикнати, во виртуелна форма.

Неопходно беше да го објавите вашето возење на вашиот Facebook профил со една од избраните апликации за „следење“ (Strava, Sport tracker, Edmondo ....) и со хаштаг #polimaraton.