Sendvic5

Сè за поли

Поли е верен

на својот квалитет. Произлегува од сè уште зелената природа, постапките на производство се врвни и беспрекорни повеќе од триесет години- поточно од 1974 година, кога се појави на пазарот како прв пилешки барен посебен колбас.

Иако во последните години доживеа осовременување на пакувањето, идентитетот и темелите на брендот, неговата внатрешност останува непроменета од самиот почеток.

Доживеа повеќе верзии, така што покрај основниот Поли, на пазарот се појави и Поли со зеленчук, Поли со кашкавал, Поли light, Поли нарезок, Poli snack и новина на пазарот Poli pate паштета.

Дали Поли е луд?

Не, Поли не е луд. Тој е исклучително интелигентен, промислен, итар и продорен. Луди сме ние.

Луди по него, се разбира.

Поли е меѓународен

Поли ги надминува границите на Словенија. Словенија е навистина неговата појдовна точка, негова отскочна даска и основа за неговиот квалитет, а за Поли се луди од Скандинавија до Средоземјето. Не е прв само дома.

Фановите во Хрватска се зголемуваат. Пред сè, е популарен помеѓу младите и во Босна и Херцеговина, а по него се повеќе посегнуваат и постарите. Од неговиот вкус и квалитет не можат да се одбранат ниту во Србија.

Исто така, и во другите држави во Европа го познаваат како поинаков. И стануваат уште полуди по него.

Го претставуваме насекаде по светот-се повеќе и поуспешно.