Време на подготовка: 60 минути Тешкотија: Со двете раце

Редени палачинки со Поли

Состав:

  • солено тесто за палачинки (1 јајце, 1 дл. млеко, 100 гр. бело брашно, сол)
  • 250-300 гр. кашкавал
  • 250-300 гр. ПОЛИ
  • 100 гр. свежа црвена пиперка
  • 200 гр. бешамел сос
  • путер со кој го премачкуваме садот

Редени палачинки со Поли

Процес на подготовка

Палачинките ги печеме и ги оставаме да се изладат. Доколку навистина не можеме да се воздржиме, може во меѓувреме и да изедеме некоја додека е топла. ПОЛИ и кашкавалот го рендаме, пиперката ја сечкаме на мали парчиња. На дното од ватросталниот сад кој е со соодветна големина, а предходно сме го намачкале со путер ја ставаме палачинката, ¼ од смесата направена со ПОЛИ и кашкавалот, како и исечканата пиперка (а во зависност од вкусот може да додадеме и исечкан кромид). Ја покриваме со следната палачинка и ја повторуваме постапката се до врвот на садот за печење (доволни би биле приближно 4 слоја). Палачинката која е на врвот ја премачкуваме со бешамел сосот и го потресуваме останокот од кашкавалот. Печеме на окулу 190С приближно 20 минути, се додека да добие златно жолтеникава боја и крцкаво се запече.