Време на подготовка: 30 минути Тешкотија: Со двете раце

Шпагети со Поли, павлака и шампињони

Состав:

  • 100 гр. ПОЛИ
  • 60 гр. кромид
  • 2 дл. павлака за варење
  • 180 гр. исечкани солени шампињони
  • оригано, Вегета
  • маслиново масло за пржење
  • 200 гр. шпагети
  • рендан пармезан
  • сол, црн мелен пипер

Шпагети со Поли, павлака и шампињони

Процес на подготовка

На маслиновото масло го пропржуваме кромидот, ги додаваме шампињоните, потресуваме со Вегета и пржиме се додека течноста не испари, а печурките убаво да замирисаат. Ја додаваме на коцки исечканата ПОЛИ, мешаме и доливаме сладка павлака, по што зачинуваме со оригано, солиме и запиперуваме, а потоа сето тоа треба добро да преврие. Во меѓувреме ги вариме шпагетите во поголема количина на солена вода, ги цедиме, потресуваме со пармезан и ги разделуваме на чиниите, а потоа ги преливаме со подготвениот сос и со сласт ги јадеме.