Сос за тестенини со тиквино масло и Поли

20 min. со лева рака
  • 150 гр. ПОЛИ
  • 4 супени лажици тиквино масло
  • 150 гр. кромид
  • 2 доамати или 1 супена лажица сос од домати
  • 2 супени лажици бело брашно
  • 2 ливчиња босилок
  • 1 дл. вода
  • сол, црн мелен пипер

Кога желудникот е празен, а немаме време за комплицирани јадења, е вистинсо време за тестенини со ПОЛИ. ПОЛИ ја сечкаме на окулу сантиметар големи парченца. Кромидот го сечкаме и заедно со ПОЛИ го пржиме на тиквиното масло. Кога кромидот ќе се запржи, ги додаваме излупените домати или сосот од домати, брашното, мешаме и заливаме со вода. Го додаваме исечканиот босилок и вариме. Кога сосот ќе се згусти и малку ќе потемни му го подобруваме вкусот со сол и пипер, а потоа истиот го превриваме и преливаме врз избраните тестенини, кои што сме ги свариле во меѓувреме.