Поли за мачкање со јајца и сардини

20 min. со лева рака
  • 250 гр. ПОЛИ
  • 10 јајца
  • 200 гр. кромид
  • 2 конзерви сардини риби
  • 100 гр. кисели краставички
  • Тиквино масло (бучно оље)
  • сол, црн мелен пипер

Јајцата тврдо ги вариме. Ги лупиме во ладна вода, ги пасираме или сечкаме. Додаваме ситно исечкан кромид, здробени сардини со масло, на парченца исечкана ПОЛИ и на коцкички исечкани кисели краставички. Солиме, запиперуваме, а по вкус додаваме и тиквино масло и сето тоа го мешаме. Сега ни треба уште кришка тазе леб и вкусниот доручек, вечера или ужина е подготвена.