Поли торта со двопек

40 min. со лева рака
  • 500 гр. ПОЛИ
  • 500 гр. двопек (1 пакетче)
  • 500 гр. рендан или на ливчиња исечкан кашкавал
  • 400 гр. домати
  • масло за тавчето
  • солата за подобар впечаток

Во намастено тавче, убаво и внимателно, редиме слој од двопекот еднен покрај друг. Двопекот рамномерно го обложуваме со исечканата ПОЛИ и изренданиот кашкавал. Постапката ја повторуваме уште еднаш или двапати во зависност од големината на тавчето. На врвот мора да имаме слој од двопекот кој го обложуваме со кашкавал. Го ставаме во загреана рерна и печеме 15 минути на 180 0С, односно онолку време додека да се растопи кашкавалот, а двопекот малку да се запече. Кога тортата е печена, на ред доаѓа нашата уметничка способност и тортата ја обложуваме со тенки парчиња од исечканиот домат, ја украсуваме со листови од салата и ја служиме.