Рижота од тиквички со Поли
|
Во лонецот ставаме 1 супена лажица (попрецизно 20 гр.) путер, ја додаваме на коцки исечканата сланина, исечканиот кромид и лук. Кога кромидот ќе се пропржи ја додаваме на парчиња исечканата тиквичка и малку ја пропржуваме. Го додаваме оризот и продолжуваме да пржиме. Заливаме со бело вино и мешаме додека виното не испари. Цело време додека ја вариме рижотата (окулу 15 минути) постојано мешаме и истовремено ја додаваме кокошкината супа која не е многу солена. Пред крајот на варењето го додаваме исечканиот магдонос и ПОЛИ која предходно сме ја исечкале на тркалца и сме ги преполовиле. На сварената рижота (која мора да биде густа, но сепак течна) и го поправаме вкусот со сол и црн пипер, а во неа го мешаме и остатокот од путерот и пармезанот. Може да ја послужиме со сластна зелена салата или цикорија, на која што и додаваме домашен варен грав.