Поли за мачкање со пиперка и краставички

20 min. со лева рака
  • 1 Мини ПОЛИ (220 гр.)
  • 150 гр. свежа црвена пиперка
  • 100 гр. кисели краставички
  • 2 дл. кисела павлака
  • 150 гр. мајонез
  • 10 гр. гауда кашкавал
  • сол, црн мелен пипер

ПОЛИ ја лупиме и ја сечкаме на мали парченца. Уште подобро е ако ја сомелеме (како мелено месо). Пиперката и киселите краставички ги сечкаме на многу мали парченца (сега веќе знаеме, нели?), ја додаваме киселата павлака, мајонезот и на ситни парченца исечканиот (или изренданиот) кашкавал. Солиме и запиперуваме по што сето тоа добро го мешаме. Масата за мачкање ја ставаме окулу половина час во фрижидер. По точно 30 минути веќе можат и најнестрпливите деца и возрасни да си намачкаат на парче леб одличен премаз. Секако дека премазот може по желба да го обогатиме и зачиниме. Ако сакаме истиот да биде полут, додаваме лути феферонки или кромид и лукче.