Топол леб со Поли
Состав:
- 300 гр. ПОЛИ
- 400 гр. француска векна (1 векна)
- 100 гр. путер
- 2 супени лажици кечап
- 300 гр. на ситни парченца исечкан кашкавал (гауда)
- 180 гр. свежа пиперка
- 300 гр. домати
- 4 парчиња гауда кашкавал
- 1 кафена лажичка на мешаница од зачини за јадења со домати
- сол, црн мелен пипер
Топол леб со Поли
Процес на подготовка
Француската векна, што е можно попрецизно, ја сечеме по должина, а потоа двете половинки ги мачкаме со путер и ги ставаме во рерна. ПОЛИ саламата и кашкавалот ги сечкаме на коцки, ги додаваме кечапот, мелениот пипер, мешаницата од зачини и сето тоа добро го мешаме. Со смесата ги мачкаме двете половинки од векната и ги ставаме во веќе загреаната рерна на 200°C, околу 12 минути. Додека чекаме на тенки парчиња го сечкаме доматот и пиперките. Половинките од векната ги вадиме од рерната и веднаш им ги додаваме исечканите парчиња од доматот и пиперките и солиме. Парчињата од кашкавал ги сечеме во облик на триаголници и ги ставаме на врвот, по што векната ја враќаме назад во рерната, уште 3 минути за да се стопи кашкавалот. Векната ја сечеме на парчиња по наша желба и додека се топли ги јадеме.