Суфле од тиквички со Поли

60 min. со двете раце
  • 400 гр. ПОЛИ
  • 300 гр. тиквички
  • 150 гр. месеста сланина
  • 200 гр. кромид
  • 2 чешниња исечкан лук
  • 3 јајца
  • 100 гр. ориз
  • 2 дл. кисела павлака
  • 100 гр. рендан пармезан
  • исечкан магдонос
  • масло за пржење
  • сол, мелен црн пипер

На коцки исечканата сланина, исечканиот кромид и лук го пржиме на врело масло. Ги додаваме на коцки исечканите тиквички и ги вариме онолку време, додека тиквичките пуштат вода. Го додаваме оризот, солиме, запиперуваме и покриваме по што продолжуваме да вариме се додека оризот до половина не се омекне. Ако ни се чини дека има потреба додаваме уште малку вода. Го отстрануваме и ладиме. На изладениот ориз му додаваме на коцки исечкана ПОЛИ, 1 јајце и ½ лонче кисела павлака. Сето тоа го истураме во намачкано тавче, и одозгора поливаме со мешаница од 2 јајца и ½ кисела павлака како и изрендан кашкавал. Печеме на 150оC окулу 25 минути. Внимателно ја отвараме рерната и восхитено климнуваме со главата на сопственото мајсторството, сечеме на парчиња и суфлето го сервираме како самостојно јадење со сезонска салата.