Време на подготовка: 40 минути Тешкотија: Со двете раце

Поли на кинески начин

Состав:

  • 220 гр. ПОЛИ мини
  • 160 гр. кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лута феферонка
  • 400 гр. кинеска зелка
  • 200 гр. свежа зелена пиперка
  • 150 гр. пупки од бамбус
  • 150 гр. сос од соја
  • Густин
  • 400 гр. ориз
  • масло за пржење
  • сол, мелен црн пипер

Поли на кинески начин

Процес на подготовка

На врело масло го пржиме исечканиот кромид, додека да замириса убаво, на ленти исечканата кинеска зелка, исечканата феферонка, исечканите пупки од бамбус, свежата зелена пиперка и сосот од сојата ги додаваме и преливаме со 1 дл. вода. Покриваме и оставаме неколку минути да се обарат, за зеленчукот малку да омекне. Кога ќе се увериме дека е доволно омекнат, ја додаваме на тркалца исечканата ПОЛИ мини, а по потреба сосот го згустнуваме со во вода растворениот Густин, на што зачинуваме со сол и со мелен црн пипер, а за вистинско кинеско искуство сервираме со варен ориз. Оризот го вариме посебно. Затоа најпрво мораме со опсесивна компулсивност, барем пет пати да го измиеме со ладна вода, се додека водата не биде сосема чиста. Го заливаме со ладна вода и тоа толку, да го покрие до 2 цм. Го зовриваме и на јак огин го вариме покриен окулу 5 минути, по што огнот го намалуваме на минимум и покриениот ориз го вариме уште 20 минути. Додека се вари оризот не го откриваме. Пред да го сервираме по потреба го посолуваме. Ако сакаме да оставиме впечаток на евентуалните гости, јадењето го сервираме со кинески стапчиња. Ви препорачуваме, пред да почнете да мавтате со стапчињата, малку потренирајте.