Поли тост

15 min. со лева рака
  • ПОЛИ
  • тост
  • топен кашкавал
  • лист од зелена салата, босилок или друга листна билка
  • чери домат
  • кремаст сос и/или путер

По вкус препечениот тост ќе го збогатиме со тенок слој на путер или сос. ПОЛИ ќе ја исечкаме на парчиња, зелената салата или другата прилога од зеленчук ќе ја измиеме и исушиме. На долниот дел од тостот ќе ставиме нешто зелено, малку повеќе кашкавал, уште повеќе ПОЛИ и за нијанса од зеленото пред да го покриеме сето тоа со горниот дел од тостот. Завршениот тост по потреба го намакаме во сос и повремено ќе гризнеме од доматот.