Поли сендвич

15 min. со лева рака
  • ПОЛИ
  • крцкаво лебче
  • неколку исечкани парчиња од омилениот кашкавал
  • лист или два од зелена салата
  • чери домат
  • капка сос или лажица од крем за мачкање

Векната, кифличката или друга основа од леб ја сечеме по должина т.е. ширина и барем едната половинка ја мачкаме со ароматичен сос или друг вид на крем за мачкање. ПОЛИ со кашкавал ја сечкаме на парчиња, зелената салата и доматот ги миеме под млаз на ладна вода и добро ги сушиме. Потоа меѓу двете половинки од лебот редиме што повеќе од опишаната содржина, онолку колку што можеме, без да си ја скршиме вилицата, да внесеме во себе. Чери доматите ќе ги смачкаме како прилог меѓу залаците од сендвичот.