Поли коктел со киви и тиквички

20 min. со лева рака
  • 40 гр. ПОЛИ
  • 20 гр. пармезан
  • ¼ средно голема тиквичка
  • ½ киви
  • 50 гр. марула или слична салата
  • 5 црвени ротквици
  • масло за готвење
  • маслиново масло, јаболчен оцет
  • сол, црн мелен пипер

Салатата ја чистиме и внимателно ја миеме, по што ја обложуваме чинијата и ја попрскуваме со маслиновото масло и оцетот. На надворешниот раб ја редиме по желба исечканата црвена ротквица. При тоа може да бидеме и особено креативни. Во средината на чинијата ги редиме пропржените парчиња ПОЛИ и тенките парчиња од пропржените тиквички, а како дел од изненадувањето ги додаваме и парчињата од киви. Сите состојки освен ротквицата и салатата, малку ги запиперуваме и богато ги посипуваме со изренданиот пармезан.