Време на подготовка: 45 минути Тешкотија: Со двете раце

Тортиља од компири со Поли

Состав:

  • 100 гр. ПОЛИ
  • 300 гр. компири
  • 2 јајца
  • 1 супена лажица маргарин
  • исечкан магдонос или исечкан власец
  • мајорон
  • сол, црн мелен пипер.

Тортиља од компири со Поли

Процес на подготовка

Го вариме компирот, го лупиме, ладиме и сечеме на коцки. Тоа всушност и не е така тешко, меѓутоа бара свое време и затоа ни се потребни двете раце, па без брзање. Компирот го истураме во тавчето со растопен маргарин и го пржиме окулу 5 минути. Ја додаваме на парчиња исечканата ПОЛИ, мешаме, додаваме мајорон, сол и црн пипер, преливаме со разматени јајца и пржиме се додека јајцата не се стврднат. Како точка на и врз тортиљата може да потресеме исечкан магдонос или власец.