Време на подготовка: 60 минути Тешкотија: Со двете раце

Пченкарни тортиљи со мелено месо и Поли

Состав:

  • 500 гр. ПОЛИ
  • 500 гр. мелено месо
  • 200 гр. кромид
  • маслиново масло за пржење
  • 280 гр. конзерва сварена пченка
  • 280. гр. конзерва пасиран грав
  • 280 гр. конзерва пасирани домати
  • 280 гр. конзерва лут салса сос
  • 120 гр. рендан кашкавал
  • 2 пакета пченкарни тортиљи
  • 3 дц. кисела павлака
  • 300 гр. свежа салата
  • вегета
  • сол, мелен црн пипер

Пченкарни тортиљи со мелено месо и Поли

Процес на подготовка

На маслиновото масло го пржиме исечканиот кромид додека да добие златно – жолта боја, го додаваме меленото месо, солиме и добро го пржиме. Додаваме на коцки исечкана ПОЛИ и пржиме се додека водата не испари. Вкусот го поправаме со сол, црн пипер и вегета, по што ја додаваме исцедената пченка, половина од конзервата со испасиран грав, половина од конзервата со испасирани домати и по вкус лут салса сос. Сето тоа го мешаме и додаваме пармезан. Веќе подготвените тортиљи ги загреваме во рерна (приближно 5 минути), а потоа секоја ја полниме со месниот фил и ја обложуваме со свежа салата. Ако мислите дека можете повеќе, може секоја тортиља да ја обложите и со кисела павлака.